Силна експлозија во Истанбул, оган, чад, луѓе бегаат на сите страни (ВИДЕО)

Драматични видео снимки се појавија на социјалните мрежи од Истанбул. По силната експлозија во една бизнис зграда во најголемиот турски град, изби пожар. Црниот чад се гледал од различни делови на градот, а најстрашно било околу жариштето.

EPA-EFE

На снимките се гледа како луѓето исплашено бегаат низ улиците на Истанбул додека огромен облак чад го прекрива небото.

Како што пренесуваат турските медиуми, гори голем магацин на логистичка компанија.

Турските медиуми јавија дека на местото на експлозијата се испратени бројни пожарникарски екипи од Истанбул, но и од други окрузи.

Од кабинетот на градоначалникот на Истанбул соопштија дека пожарот е локализиран и дека пожарникарите ги презеле сите мерки на претпазливост.

Причината за експлозијата сè уште не е позната.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе