Силна експлозија во центарот на Мадрид (ФОТО+ВИДЕО)

Во Мадрид, нешто по 15 часот, одекна силна експлозија која се слушнала низ целиот град.

Фото: ЕПА

Експлозијата разнесе три ката од зграда во центарот на Мадрид, на улицата Толедо. Експлозијата се случила во близина на туристичката атракција Пуерта де Толедо, познатата градска порта. Според Ел Паис, експлозијата уништила горен дел од зграда во близина на домот за стари лица и едно училиште.

Станарите на околните згради се евакуираат, а полицијата, наводно, ги советувала луѓето да заминат во случај да има нови експлозии.

Причината за експлозијата сè уште не е позната, иако непотврдени извештаи сметаат дека се должи на истекување на гас, а не е познато дали има жртви.

Најмалку шест лица се повредени, едно потешко, изјавија полициски извори за Ла Секста.

Драматични снимки и фотографии од последиците од експлозијата се шират на социјалните мрежи. Девет пожарникарски екипи веднаш пристигнале на лице место.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе