Силна експлозија уништи хотел во главниот град на Куба, загинаа најмалку 22 лица (ВИДЕО)

Експлозијата во хотелот Саратога во центарот на Хавана, во која загинаа 22 лица и повредени се над 70, ја предизвикало истекување на гас, а меѓу загинатите нема странци.

EPA-EFE

Претседателот Мигел Дијаз Канел кажа за кубанската телевизија дека најверојатната причина за експлозијата во хотелот Саратога е истекување гас.

„Во никој случај не станува збор за бомба или напад“, кажа за Ројтерс по излегувањето од болницата Каликсто Гарсија во која се примени повредените. „Станува збор за несреќа“.

Поради експлозијата накратко завладеа паника во историскиот кварт на Хавана, која постепено почна да прима туристи откако пандемијата тешко го погоди туристичкиот сектор на карипскиот остров.

Експлозијата потресла и блиско училиште во кое имало над 300 ученици. Едно дете загинало, а најмалку петнаесет се повредени, соопшти кубанското министерство за здравство.

Кубанскиот министер за туризам Хуан Карлос Гарсија кажа дека, според првичните извештаи, меѓу загинатите и ранети во експлозијата нема странски државјани.

Хотелот бил затворен и во него во моментот на експлозијата биле само работниците кои ги вршеле последните подготовки за негово отворање за неколку дена, јави државната телевизија повикувајќи се на воена компанија која управува со многу хотели во државата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе