Силна експлозија го потресе Хјустон, двајца загинати (ФОТО+ ВИДЕО)

Две лица загинаа утрово во експлозија во индустриски објект во Хјустон, потврди Арт Ацеведо, началник на полицискиот оддел во Хјустон.

Експлозијата, наводно, се случила во фабрика во областа Геснер. На видео камера од домашна врата е снимен моментот на жестоката експлозија.

Во експлозијата се оштетени зградите и куќите во близина. Ацеведо вели дека досега нема индикации дека експлозијата била подметната и истрагата е во тек. Експлозијата се случила околу 4 часот наутро, јави Хјустон паблик медиа.

Градските власти продолжуваат да ги повикуваат жителите да ја одбегнуваат областа Геснер.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе