Силен земјотрес во Тајван. Јапонија издаде предупредување за цунами (ФОТО+ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, еден ден по земјотресот со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди островот, соопшти Американскиот геолошки институт (УСЦГ).

Фото: ЕПА

Тајванските медиуми јавуваат дека во близина на епицентарот, се урнала двокатна станбена зграда во која се наоѓала продавница и дека во тек е спасувачка акција на луѓето кои се наоѓале во зградата. Најмалку еден вагон излетал од шините на станицата на источниот брег.

Епицентарот на денешниот земјотрес, кој се случи во 14 часот и 44 минути по локално време (08:44 по средноевропско време), се наоѓа на околу 50 километри северно од градот Тајтунг, на длабочина од десет километри, соопшти американскиот институт.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами на јапонските острови лоцирани недалеку од Тајван. Бранови, кои можат да достигнат еден метар, се очекуваат околу 16 часот по локално време, соопшти агенцијата.

Тресењето на земјата се почувствувало и на северниот крај на островот во главниот град Тајпеј.

Тајван и неговата околина редовно се погодени од земјотреси, бидејќи се наоѓаат во близина на спојот на две тектонски плочи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе