Силен земјотрес во Мексико, милион луѓе без електрична енергија (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 7,2 го потресе Мексико и остави речиси еден милион домови и канцеларии без електрична енергија во југот, а единствени извештаи за смртни случаи се за сега две лица кои починале при падот на хеликоптерот во кој функционери ја извидувале состојбата по катастрофата.

Најмалку 50 домови се оштетени во јужната држава Оахака, која како и главниот град на Мексико сѐ уште се опоравуваат од земјотресот во септември кој предизвика многу штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 145 километри од познатиот центар на сурферите Пуерто Ескондидо во јужната држава Оахака и на длабочина од 24,6 километри според податоците на американскиот завод за геолошки истражувања (УСГС).

Најмалку две лица загинаа кога хеликоптерот во кој биле министерот за внатрешни работи на Мексико и гувернерот на Оахака паднал при обидот за слетување по разгледувањето на обемот на катастрофата од воздух.

Министерот Алфонсо Наварети и гувернерот Алехандро Мјурат не се сериозно повредени во несреќа, пренесе Ројтерс.

„Сфатив дека има луѓе кои го загубиле животот“, изјави тој за каналот Телевиса и додаде: „неколку лица кои беа во хеликоптерот се повредени ".

По силниот земјотрес, следеле 225 последователни потреси, објави сеизмолошката служба, предизвикувајќи голема паника.

Сеизмичкиот аларм во Мексико Сити се огласил 72 секунди пред да се почувствува потресот, изјави градоначалникот Мигел Ангел Манчера, давајќи им на жителите време да побегнат на улица.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе