Силен земјотрес во источна Турција, во област со 4,9 милиони жители

Силен земјотрес денеска ја погоди источна Турција, во областа Малатја, во која живеат 4,9 милиони луѓе. Луѓето уплашено бегаа од своите домови на улица, вели агенцијата Асошиејтед прес.

Фото: Твитер

Земјотресот бил почувствуван во неколку соседни провинции, но сепак, засега не се пријавени никаква штета или жртви, објави Анадолу.

Јачината на земјотресот се проценува на 4,7 степени според Рихтеровата скала.

Областа каде што се случил земјотресот е населена со околу 4,9 милиони луѓе.

Луѓето бегаа од своите домови или работни места во страв да не се срушат зградите, пренесе агенцијата.

Турција лежи на линиите на најголемите раседи и земјотресите се чести.

Оваа година земјата беше погодена од два силни потреси - еден што го погоди западниот пристаништен град Измир минатиот месец и уби 114 лица, и еден што ја погоди провинцијата Елазиг, која се граничи со Малатја, при што загинаа 41 лице.

Најмалку 17.000 луѓе загинаа во силниот земјотрес во северозападна Турција во 1999 година.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе