ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 60 километри, 298 километри источно од Ираклион во Грција и 139 километри југоисточно од островот Карпатос.
Во исто време, грчки „Катимерини“ објави дека утрово е регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала југоисточно од Карпатос.
Ројтерс пренесува дека земјотресот бил почувствуван на островите Крит, Санторини и Родос, како и во Каиро и други градови во Египет.
Џерузалем пост објавува дека земјотресот бил почувствуван низ целиот Израел, а АП наведува дека силен земјотрес бил почувствуван на турскиот брег на Медитеранот.
Турската агенција за справување со катастрофи објави дека земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 8,32 минути, на околу 155 километри од градот Кас, во провинцијата Анталија, пренесува Бета. Нема информации за жртви или материјална штета.
Турција е на земјотресно тло и земјотресите се чести. Земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападна Турција во 1999 година уби повеќе од 17.000 луѓе.