Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер го погоди Мексико (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени по Рихтер го погоди денес Мексико, јавуваат светските агенции. Епицентарот бил на длабочина од 60 километри во регионот Мичоакан.

EPA-EFE

Поради земјотресот е издадено и предупредување за цунами.

Ројтерс наведува дека земјотресот се почувствувал и во престолнината Мексико Сити, каде граѓаните по земјотресот почнале од домовите да излегуваат на улиците.

Градоначалничката на Мексико Сити Клаудија Шајнбаум изјави дека засега нема извештаи за материјална штета во престолнината.

Мексико на денешен ден во минатото го погодија два земјотреси.

Во разорниот потрес на 19 септември 1985 година животот го загубија над илјада луѓе, додека во земјотресот кој истиот датум во 2017 го погоди Мексико настрадаа 350 луѓе, потсетува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе