Утрово

Силен земјотрес од шест степени ја погоди Грција

Земјотресот е почувствуван низ целиот Пелопонез и Атика, но и во Турција, Египет, Италија и Либија.

Силен земјотрес од шест Рихтерови степени ја погоди утрово Грција, јави Евромедитеранскиот сеизмолошки центар ЕМСЦ. Засега нема информации за евентуални жртви и штети.

Земјотресот се случил во 8.23 утрово, а епицентарот бил во море во близина на Крит, околу 74 километри северозападно од градот Ханиа, на длабочина од 56 километри.

Тресењето на тлото било почувствувано низ целиот Пелопонез и Атика, јавуваат локалните медиуми, но и во Турција, Египет, Италија и Либија.

Зградите на Крит и универзитетите биле евакуирани рано утрово. Според првите информации од теренот, земјотресот бил силен и се почувствувал низ цела Грција. Засега, сепак, нема точни информации колку траел потресот.

Говорејќи за локалните медиуми, сеизмологот Ефтимиос Лекас рече дека денешниот потрес не е поврзан со смртоносниот земјотрес што вчера ја погоди Албанија, како и тој во Босна.

Грците се плашат од нови земјотреси што, според локалните медиуми, по Крит би можеле да го погодат копното, како и Турција и Италија.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе