Силен земјотрес од 6,3 степени го погоди грчки Крит (ВИДЕО)

Земјотрес од 6,3 по Рихтер го погоди грчкиот остров Крит, јави грчкиот Геодинамички институт.

EPA-EFE

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, 40-тина километри од градот Ситија. Освен на Крит, земјотресот се почувствувал на Родос и други егејски острови. Сведоци кажале дека потресот бил многу силен и дека траел повеќе од десет секунди.

„Куќата се тресеше, многу страшно“, „Зградата се тресеше, избегавме од станот“, се некои од коментарите на страниците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Бројни објекти се уништени, а надзорните камери низ градот го снимиле моментот кога тлото почнало да се тресе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе