Силен земјотрес ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, пренесува АП.

Фото: ЕПА

Сè уште не се знае колкава е штетата, а не се знае ни дали има жртви во земјотресот што ја погоди оваа пацифичка земја.

Локалниот геолог Ренаги Раву рече дека епицентарот се случил на 66 километри од градот Каинанту, каде живеат околу 10.000 луѓе.

Тој рече дека има многу „расфрлени“ населби во ридовите и дека десетици илјади луѓе се потенцијално погодени од земјотресот.

„Овде не е невообичаено да се почувствува земјотрес, но тој не трае долго и не е толку лош како овој. Денеска беше прилично интензивно“, рече Раву.

Локалниот геолог додаде дека пријателите од Каинату му праќале пораки за пробиени патишта, цевки и пукнатини, но нема големи уривања на згради или повредени. Некои предаватели на мобилни телефони се соборени и се оштетени комуникациските врски.

Земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 7,5 степени пред четири години, при што загинаа најмалку 125 луѓе.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе