5,3 степени

Силен земјотрес ја погоди Атина, луѓе бегаат од зградите (ВИДЕО)

Потресот предизвикал луѓето да истрчуваат од зградите и проблеми во телекомуникациите.

Силен земјотрес погоди во близина на грчкиот главен град Атина, со епицентар 23 километри северозападно од Атина, предизвикувајќи луѓе да бегаат на улиците и проблеми во телекомуникациите.

Земјотресот „беше силен, но за среќа не траеше долго“, рекол еден од сведоците, цитиран од Јуропеан ертквејк монитор.

Според прелиминарните податоци, земјотресот имал сила од 5,3 степени, а треперењето кратко време по 13 часот траело најмалку 15 секунди.

Засега нема информации за повредени или за каква било голема штета, но локалните медиуми известија за некои прекини на струја во централна Атина и прекини на телефонските линии.

Атињани велат дека земјотресот бил проследен со неколку помали афтершокови.

Ова е прв земјотрес во грчкиот главен град по тој во 1999 година, со сила од 6 степени, во кој загинаа најмалку 143 луѓе, а се урнаа над 100 згради.

Објавено

Петок, Јули 19, 2019 - 14:11

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе