Силен земјотрес го погоди Тајван, не е пријавена штета (ВИДЕО)

Зградите во Тајпеј се тресеа утрово кога земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди североисточниот дел на Тајван, но нема информации за штета.

Screenshot

Земјотресот со епицентар во округот Јилан се случи на длабочина од 66,8 километри и се почувствувал во северните и источните делови на Тајван, соопшти Хидрометеоролошкиот завод.

Метрото во Тајпеј накратко било затворено, но сообраќајот набрзо бил продолжен. Државниот оператор за дистрибуција на електрична енергија рече дека мрежата функционира нормално.

Најголемиот светски производител на чипови ТСМЦ, соопшти дека евакуирале некои работници.

„Персоналот во некои постројки на ТСМЦ во северниот дел на Тајван беше евакуиран за време на земјотресот во согласност со регулативите на компанијата и сите безбедносни системи функционираа нормално“, се вели во соопштението.

Тајван лежи во близина на спој на две тектонски плочи и земјотресите се чести.

Во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година загинаа повеќе од 100 луѓе, а во земјотрес со јачина од 7,3 степени во 1999 година загинаа повеќе од 2.000 луѓе.

Легенда под Главна слика

Screenshot

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе