Силен земјотрес го погоди крајбрежјето на Јужна Суматра, нема опасност од цунами

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на околу 64 километри од брегот.

Фото: Пиксабеј

Земјотрес со интензитет од 6.4 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Јужна Суматра во Индонезија.

Германскиот истражувачки центар за геонауки ГФЗ ја соопшти оваа информација, а пренесе Ројтерс.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додаваат од ГФЗ.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на околу 64 километри од брегот, но дека нема опасност од можно цунами.

Во близина на индонезискиот остров Суматра на 26 декември 2004 година се случи еден од најразорните земјотреси, со јачина од 9 степени според Рихтеровата скала. Над 230.000 луѓе загинаа во 14 земји, од кои повеќето во Индонезија.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе