Силен земјотрес ги погоди Филипините, најмалку едно лице загина

Земјотрес со јачина од 6,6 степени во вторникот ја потресe областа Самар во источниот дел на Филипините, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

EPA-EFE/JOHN MARK

Земјотресот, со епицентар во море на длабочина од 30 километри, оштети куќи и друг имот, а загина најмалку едно лице. Оштетен е и спортски комплекс, кој бил претворен во карантин среде новата пандемија на коронавирус.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека нема опасност од цунами, но предупреди за ризик од последиците од земјотресот и нови силни потреси.

Тоа е најсилен земјотрес на Филипините, кои се наоѓаат на т.н. Огнен прстен - сеизмички активен појас на вулкани во Тихиот океан, во последните осум месеци.

Маж, пензиониран полицаец, загинал кога неговата три-катна зграда се срушила и четири лица се здобиле со полесни повреди, соопштија локалните власти.

Пациентите се преместени под шатори поради пукнатини во зградата на болницата, изјави локален службеник.

Инженерите вршат увид во оштетениот спортски комплекс за да видат дали е безбеден за сместување на лица кои се таму во карантин, рече тој.

Филипините со 107 милиони жители имаат најголем број случаи на коронавирус во југоисточна Азија. Потврдени се повеќе од 164.000 случаи на зараза и 2.681 смртен случај.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JOHN MARK

На 2 Август 2021 година ќе се одбележат два значајни настана од историјата на македонскиот народ.

повеќе

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе