Сијарто: Унгарија нема да гласа за ембарго на руската нафта

Петер Сијарто, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, рече дека Унгарија нема да гласа за воведување ембарго на руската нафта. Танјуг пренесе дека Сијарто рекол дека има најави оти со воведувањето на шестиот пакет санкции против Русија ќе се затворат транзитните правци за енергија. Тој тврди дека тоа е насочено против суверенитетот на Унгарија и сигурното снабдување со енергија.

Фото: ЕПА

„Тоа е против нашите национални интереси, без разлика дали се затвора транзитот на нафта или гас. Тоа го поткопува единството на Европската Унија и безбедноста на Европа. Унгарците и Србите ќе обезбедат непречен транзит на енергенси. Сакам да ве уверам дека Унгарија нема да гласа за ембарго за увоз на руска нафта, кое е предложено во Брисел“, рече Сијарто по средбата со српскиот министер за финансии Синиша Мали.

Унгарскиот министер рече дека ЕУ прво треба да даде решение за унгарскиот проблем и дека дури потоа би можеле да разговараат за можни санкции. „Затоа очекуваме ваква одлука да биде донесена во Брисел оваа недела“, рече тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе