Сибир гори, измерена рекордна температура од 38 Целзиусови степени (ВИДЕО)

Сибирскиот град Верхојанск веројатно тукушто постави рекорд за највисоката температура кога било забележана во Арктичкиот круг.

EPA-EFE

Сибир буквално гори под ваквите жештини, односно во таа област во последните недели се забележани неколку илјади пожари.

Дополнително, експертите очекуваат овие екстремно високи температури од близу или над 35 Целзиусови степени да продолжат до јули, што доведува до побрзо топење на вечниот мраз или пермафростот, пишува Севиер ведер Јуроп.

Изгледа дека температурата од 38 Целзиусови степени, ако овој податок официјално се потврди, а која е измерена во Верхојанск, би можела да биде највисоката температура некогаш измерена северно од Арктичкиот круг. Претходниот рекорд за Верхојанск беше 37,3, а беше забележан на 25 јули 1988 година.

Доглотрајното невообичаено топло време во Сибир е алармантен знак, сметаат климатските експерти.

Површинските температури во Сибир во мај беа 10 Целзиусови степени повисоки од просекот па минатиот месец во овој простран руски регион беше најтоплиот од почетокот на мерењата во 1979 година, покажуваат податоците на Коперникус клајмат чејнџ сервис (Ц3С) програмата поврзана со Европската комисија.

Иако целата Земја се загрева, порастот на температурата не се случува рамномерно во целиот свет, пренесѕва Си-ен-ен. Понатаму се наведува дека Сибир се издвојува како регион кој покажува најсилен тренд на повисоки температури и поголеми варијации. Научниците сметаат дека Арктичкиот регион се загрева двојно побрзо од остатокот на планетата, што е последица на глобалното загревање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе