Си во посета на Русија во обид да ја зајакнат соработката при зголемени тензии со САД

Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин денес ги пофалија меѓусебните односи за време на состанокот во Кремљ, во обид Пекинг и Москва да ја зајакнат соработката во услови на зголемени тензии со САД.

Путин рече дека посетата е „клучен настан“ во односите меѓу двата соседи.

„Нашите односи ќе бидат се подобри и подобри“, рече Си, кој беше пречекан со сите почести при пристигнувањето на московскиот аеродром Внуково во попладневните часови.

Посетата следи пет години по анексијата на украинскиот полуостров Крим од страна на Москва што доведе до сериозен раздор со нивните западни партнери по што се сврти кон својот источен сосед.

„Во последниве години, благодарение на вашето директно учество, односите меѓу Русија и Кина достигнаа невидено високо ниво“, рече рускиот претседател.

По разговорите и посетата на Бољшој театарот Си ќе отпатува до Санкт Петербург, поранешниот главен град на Руското царство.

Во четврток и петок таму ќе присуствува на економски форум организиран од Путин.

Кина и Русија „имаат силна политичка взаемна доверба и цврсто се поддржуваат за прашањата кои се однесуваат на суштинските интереси и големите проблеми“, рече Си за време на интервјуто со руските медиуми пред посетата.

Јуриј Ушаков, помошник за надворешната политика на Путин, претходно изјави дека Си и Путин ќе потпишат нова декларација за нивното „глобално партнерство и стратешка соработка, кои влегуваат во нова ера“.

Кинеската делегација донесе две панди како подарок за зоолошката градина во Москва. „Животното е симбол на Кина и гестот е многу важен за нашите партнери“, рече Ушаков.

Партнерството доведува до зголемување на трговијата, која се зголеми за 25 отсто во 2018 година за да достигне рекордни 108 милијарди долари, додаде тој, нарекувајќи ја Кина „најважниот економски партнер на Русија“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе