Си: Кина нуди алтернативен пат за модернизација

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера на меѓународен политички онлајн-самит изјави дека кинеската модернизација се покажала како одржлива алтернатива на западниот систем на управување и дека Пекинг е подготвен да го сподели своето искуство со другите земји.

Фото: ЕПА

„Не постои универзален модел на модернизација и државите треба да го најдат оној што најмногу им одговара. Комунистичката партија на Кина е спремна да го сподели своето искуство со политичките партии во сите земји... со цел да направиме добро за нашиот народ и за луѓето низ светот...“, рече Си.

Кинескиот претседател ги повика политичките партии низ целиот свет да ѝ се спротивстават на која било земја што користи „технолошки блокади“, алудирајќи на САД, кои Кина ја сметаат за стратегиски конкурент.

Додека администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден бара поддршка од сојузничките демократии, вклучително и од Европската Унија и Јапонија, со цел да се координира построг став против Кина, Пекинг, според Ројтерс, се свртел кон земји како Северна Кореја и Србија за поддршка и афирмација.

„Заедно, мора да се спротивставиме на сите постапки на унилатерализам во име на мултилатерализам, хегемонија и политика на моќ“, рече Си на виртуелниот собир на претставници на 500 партии од 160 земји како Русија, Зимбабве, Куба и Буркина Фасо.

„Ако го погледнеме од аголот на 'прво мојата земја', светот е тесен и претрупан, и честопати полн со жестока конкуренција“, рече Си, очигледно алудирајќи на политиката „Прво Америка“ на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Кинеските дипломати честопати ги критикуваат Соединетите Држави за наводен обид за нарушување на развојот на Кина со тоа што ѝ се забранува пристап до американската технологија.

Како очигледен одговор на критиките дека Комунистичката партија на Кина спроведува авторитарно владеење, Си рече дека за тоа дали некоја земја е демократска или не, треба да суди народот, а не неколку други земји. „Постојат различни патишта до благосостојбата, а народите од сите земји имаат право да го изберат својот пат и институционалните модели“, рече Си.

Виртуелниот собир на претставници на светските политички партии е осмислен да ѝ помогне на меѓународната заедница „побрзо да се приспособи на подемот на Кина“ и да му овозможи на Пекинг „подобро разбирање, поддршка и пријателство“, рече Гуо Јежоу, заменик-министер за меѓународни работи, кој го организираше собирот.

Ројтерс вели дека Кина е сѐ позагрижена за својот меѓународен углед, кој е нарушен поради првичната реакција на избувнувањето на епидемијата на ковид-19, нејзината поморска и територијална наметливост кон соседите, офанзивата во Хонг Конг и однесувањето кон етничките малцинства во Синџијанг.

Курт Кембел, координатор на Белата куќа за индопацифичкиот регион, вчера изјави дека е можно Кина и САД да коегзистираат во мир, но дека предизвикот е огромен и дека Пекинг станува сѐ поагресивен.

Кембел рече дека претседателот Џо Бајден ќе биде домаќин на самит подоцна оваа година со лидерите на Австралија, Индија и Јапонија, т.н. Квад група, која Вашингтон ја смета за средство за спротивставување на Кина. Кембел рече дека ќе биде предизвик за Соединетите Држави да смислат стратегија што ќе ѝ даде можности на Кина, но и одговор доколку преземе чекори што не се во согласност со „зачувување на мирот и стабилноста“.

Веројатно ќе има „периоди на неизвесност, можеби дури и периоди на повремено засилени тензии“, рече Кембел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе