На конференцијата за иднината на светот

Си ги копаме сопствените гробови, рече лидерот на ОН во Глазгов

„Или ќе го запреме овој процес или тој ќе нѐ запре нас. Дојде време да се каже – доста. Доста се убиваме со јагленот. Доста ја третираме природата како клозет. Доста палевме, бушевме и се закопуваме сѐ подлабоко. Си ги копаме сопствените гробови“, рече Гутереш.

Фото: ЕПА

Глазгов, најголемиот град во Шкотска и домаќин на Конференцијата на Обединетите нации за климата, денес и утре е главен град на светот. Се разговара за климатската иднина на светот, а особено одекна изјавата на првиот човек на ОН, кој остро порача дека самите си копаме гроб со насоката во која моментално оди светот.

На собирот за спас на светската клима (КОП26), со кој претседава Обединетото Кралство, присуствуваат околу 120 лидери - американскиот претседател Џо Бајден со илјада делегати, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, индискиот премиер Нарендра Моди, јапонскиот премиер Фумио Кишида, меѓу другите. Во Шкотска пристигна и македонскиот претседател Стево Пендаровски.

„Сами си копаме гроб“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, познат како еден од најжестоките застапници за итно решение на проблемот со емисиите на стакленички гасови, на конференцијата изјави дека „нашата зависност од фосилните горива го турка човештвото во пропаст“.

„Или ќе го запреме овој процес или тој ќе нѐ запре нас. Дојде време да се каже – доста. Доста се убиваме со јагленот. Доста ја третираме природата како клозет. Доста палевме, бушевме и се закопуваме сѐ подлабоко. Си ги копаме сопствените гробови“, рече Гутереш.

Тој додаде дека неодамнешните најави на земјите дека намалувањето на јагленот ќе ги сврти работите се всушност „илузија“ и дека земјите треба да одржуваат состаноци и да ги ажурираат своите планови секоја година, а не на секои пет, како што е во моментов, пишува Би-би-си.

„Мораме да избереме амбиција и солидарност, да ја заштитиме нашата иднина и да го спасиме човештвото“, рече Гутереш.

Путин не дојде, но дојдоа демонстрантите

На собирот нема да дојдат рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе се обрати само со снимена порака, Си Џинпинг, претседателот на Кина, најголемиот светски емитувач на штетни гасови или Жаир Болсонаро, претседателот на Бразил, домот на амазонските бели дробови на Земјата, кој не верува во климатските промени.

Доаѓаат и поранешниот американски претседател Барак Обама, познатата шведска тинејџерка активистка Грета Тунберг, британскиот натуралист и телевизиски автор Дејвид Атенборо и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш.

Огромен број од десетици илјади демонстранти се собираат на улиците на Глазгов. Протестната група Бунт против истребувањето објави дека сака да предизвика нарушувања, а еколошката организација Гринпис соопшти дека ќе влезе во градското пристаниште на реката Клајд со својот брод „Реинбоу вориор“, иако се забранети пловилата за време на конференцијата.

За активистите да не успеат во својот план ќе се погрижат 10.000 полицајци, кои пристигнале во Шкотска од целото Обединетото Кралство, што ќе чини околу 250 милиони фунти, пишува Би-би-си.

„Јагленот, автомобилите, парите и дрвјата“, британскиот премиер Борис Џонсон ги сумираше главните теми на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени што се одржува во Глазгов.

„Луѓето често се вообразени околу нашата историја и цивилизација. Мислиме дека немилосрдно маршираме напред, а всушност учествуваме во сопствениот пад и пропаст“, рече во неделата Џонсон, премиерот на државата претседавач со КОП оваа година.

Случајно или не, конзервативниот политичар разговараше со новинарката на Би-би-си во римскиот Колосеум, еден од симболите на најмоќното, па пропаднато Римско Царство.

Точка од која нема враќање

Според ОН, наместо да ги намали, светот моментално има 16 отсто повеќе емисии од пред 11 години, што го води кон загревање од 3 степени.

„Ѕвоната за тревога се заглушувачки“, рече генералниот секретар на Светската организација Антонио Гутереш во август по извештаите дека човештвото е блиску до точка од која нема враќање во однос на глобалното затоплување.

Американскиот претставник за климата, Џон Кери, изјави дека состанокот во Глазгов е „последната добра можност“ да се направи нешто за Земјата.

Една од главните теми на средбата ќе биде иницијативата за напуштање на јагленот, извор на енергија што јасно покажува колку е тешка соработката меѓу светските земји со различни интереси во борбата против климатските промени.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе