Тврдат дека руската војска ги користи

Си-ен-ен: Украинците од САД бараат касетни бомби

Си-ен-ен наведува дека украинските власти од американскиот Конгрес и владата на претседателот Џо Бајден побарале да им испратат касетни бомби.

EPA-EFE

Станува збор за најконтроверзното украинско барање досега, оценува Си-ен-ен и додава дека употребата на тоа оружје е забранета во над 100 земји.

Американските власти повеќе пати истакнаа дека се спремни да ја поддржат Украина „колку што е потребно“, за да ја подобрат нејзината позиција на потенцијалните преговори со Русија. Меѓутоа, ни залихите западно оружје не се неограничени, па Украинците сметаат дека американската касетна муниција, која собира прашина по складиштата, добро би им дошла.

Владата на Бајден одби целосно да го отфрли контроверзното украинско барање, но го чуваат како последна опција, доколку залихите од преостанатото оружје почнат да пресушуваат.

Меѓутоа, проблемот е и во тоа што Конгресот го забрани испраќањето на оваа муниција на други држави, а не е извесно дека американскиот парламент би можел да ја смени таа одлука во блиска иднина.

Украинците тврдат дека нивното барање е валидно затоа што „и руската страна користи таква муниција“, тврдејќи дека „нема да ја користат против цивилно население, туку само против руската војска“.

Касетната муниција, позната и како касетни бомби, претставува посебен тип (најчесто) ненаведувана муниција, која во себе содржи помали експлозивни направи или парчиња метал (шрапнел). Овие бомби при експлозијата ја расфрлаат својата содржина во сите насоки, преставувајќи голема опасност за сите кои ќе се најдат во близина.

Дури и ако не експлодираат, овие бомби можат да бидат исклучително опасни, бидејќи на тлото се однесуваат слично на мини, правејќи значителни делови од територијата недостапни.

Токму таа нивна карактеристика клучно влијаеше на донесувањето на Конвенцијата за забрана на касетните бомби, која стана важечка во 2010 година. Декларацијата ја потпишаа 108 држави, меѓутоа ни САД ни Украина не се меѓу нив.

Американците користеа касетни бомби во голем број оружени конфликти, вклучувајќи ја НАТО агресијата на Србија, кога касетни бомби беа фрлени на повеќе градови, вклучувајќи го Ниш.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе