Си-ен-ен: Трамп веќе е сигурен кандидат на републиканците за следните избори во САД

Трамп нанижа голем број неуспешни потези со кои привлече со кои предизвика сериозни критики во сопствената Републиканска партија. Затоа би можеле да се појават противкандидати на Трамп за претседателските избори во 2020 година во самата партија. За некого тоа можеби би било проблем, но Трамп не е како другите, пишува Си-ен-ен.

Повеќето републикански стратези сметаат дека ќе биде успешен на тие избори поради многубројните поддржувачи. Политичката иднина на Трамп е несигурна и зависи од резултатот на истрагата за врските со Русија и од резултатите на демократите на изборите за Конгресот следната година. Но, неодамнешна анкета на Вашингтон пост и Еј-би-си њуз покажа дека 91 отсто од гласачите на Трамп повторно би гласале за него. Покрај тоа, и големите и малите донатори поприлично вложуваат за повторниот избор на актуелниот претседател, а Републиканскиот национален одбор е формиран за да го поддржи.

Парите кои сега се влеваат во партијата на крајот одат за актуелниот претседател а можат да му помогнат и на општите избори. Во Републиканската партија велат дека сега нема волја за поддршка на противник на Трамп, бидејќи многумина веруваат дека во тој случај на крајот би изгубиле од демократите.

Стив Шмит, главниот политички стратег на Џон Мекејн, републиканскиот кандидат од 2008 година, кажа дека тој што би му се спротивставил на Трамп не би требало да се плаши од привидната моќ на главните Трампови луѓе како Стив бенон и Ен Колтер. Тој би морал, како Трамп, да знае да го привлече вниманието на медиумите и секојдневно да комуницира на нов начин.

Некои сметаат дека тоа би можел да биде Марк Кубан, бизнисмен и сопственик на кошаркарскиот клуб Далас Маверикс. Кубан кажа дека ако се кандидира, ќе се кандидира како републиканец.тој истакна дека Трамповиот противкандидат би требало да знае да му одговори на Трамп со иста мера и да разговара секојдневно и секаде со Трамповата база на поддржувачи, за да видат како изгледаат вистински решенија.

Долготрајната борба на поранешниот американски претседател Џералд Форд и неговиот предизвикувач, тогашниот калифорниски гувернер Роналд Реган во 1976 година многумина ја памтат до ден денес.

Тие се бореа на сите можни начини, а нивните советници од кампањите сѐ уште се сеќаваат што сѐ морале да прават за да ги привлечат делегатите да гласаат за нивните кандидати. Ги шетале низ Белата куќа, им плаќале вечери, им ги вработувале роднините и слично.

Советникот на Форд Стју Спенсер вели дека Трамп ги има сите можности на располагање да постапи на истиот начин, пишува Си-ен-ен.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе