Си-ен-ен: Саудијците се спремаат да признаат дека новинарот бил убиен „по грешка“

Саудиска Арабија подготвува извештај во кој ќе признае дека новинарот Џамал Кашоги бил „убиен по грешка“, јавува Си-ен-ен.

Како што тврди американската новинска мрежа, два извори потврдиле дека Саудијците подготвуваат извештај кој ќе потврди дека Кашоги бил убиен и дека неговата смрт е „резултат на испрашување кое трагично завршило“.

Колумнистот на Вашингтон пост последен пат беше виден како влегува во саудискиот конзулат во Истанбул во Турција на 2 октомври. Саудиска Арабија упорно тврди дека Кашоги си заминал од објектот истиот ден, меѓутоа не дава докази за тоа.

Свршеницата на Кашоги, која го чекала пред конзулатот, изјави дека не го видела дека излегол.

Исчезнувањето на новинарот предизвика дипломатска војна меѓу Саудиска Арабија и Западот. И Турција ги обвини Саудијците дека не соработуваат со нив во истрагата.

Турските власти претходно соопштија дека веруваат дека 15 Саудијци кои во Истанбул пристигнале на 2 октомври се поврзани со исчезнувањето и можното убиство на Кашоги. Некои од нив се поврзани со саудискиот режим.

Извори за Си-ен-ен минатата недела наведоа дека турските власти имаат и аудио и видео докази дека Кашоги бил убиен во конзулатот.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе