Нови сателитски снимки

Си-ен-ен: Русија гради воени објекти на самата граница на НАТО (ФОТО)

Нови сателитски снимки, до кои ексклузивно дојде американската новинска мрежа Си-ен-ен, укажуваат дека Русија почнала да ги надградува своите четири воени објекти во Калининград, ексклавата во која е сместена стратегиската воена единица на Русија на портите на НАТО.

 

Калининград, главниот град на руската ексклава сместена меѓу Полска и Летонија, веќе некое време е извор на тензии меѓу Русија и Западот.

Снимките направени на почетокот на годината покажуваат дека Русија во Калининград значително модернизирала бункер за чување нуклеарно оружје, а сега најновите снимки укажуваат дека почнало надградувањето на објекти на најмалку четири локации во тој регион.

Според анализата на компанијата Имиџсат интернешнел, сателитските снимки сведочат за најнови работи на бункерот за чување нуклеарно оружје, но и за изградба на 40 дополнителни бункери. Новите бункери се наоѓаат во центарот на воената локација и ги опкружуваат постарите и помали бункери.

Снимките покажуваат и работа на воздухопловната база во Чкаловск, северно од Калининград и модернизација на базата во Черњаховск, каде во февруари беа доставени проектилите „искандер“ кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

Џејмс Фого, командант на американските поморски сили во Европа и Африка, не се осврна директно на најновите сателитски снимки, но напомена дека руското присуство во ексклавата не ја спречува понатамошната работа на НАТО во регионот.

„Ако тие нѐ предизвикаат, ќе ги предизвикаме и ние нив. Никој нема да не уплаши со своите модернизирани системи“, изјави американскиот командант.

Сепак, други воени функционери на САД се загрижени околу новата ситуација, односно модернизацијата на руското оружје и опрема кои можат да ја намалат можноста за маневрирање на НАТО во тој регион.

Руската војска засега не одговорила на прашањата на Си-ен-ен за модернизацијата на воените објекти во Калининград.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе