Од февруари 2016, откако Си-ен-ен го следи нејзиниот рејтинг во јавноста, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп има најниска популарност.
42 отсто од анкетираните кажа дека имаат позитивно мислење за неа, 11 отсто одговориле дека не се сигурни, а дури 47 отсто кажале дека имаат негативно мислење за неа.
Најдобар рејтинг имала во мај 2018 – 57 отсто, што се поклопи со првата службена државничка вечера и заминувањето на погребот на поранешната прва дама Барбара Буш во Тексас без сопругот.
Но, според податоците на Си-ен-ен популарноста ѝ паднала веќе во декември, по нејзината самостојна посета на Африка, кога за неа негативно мислење имале 36 отсто од анкетираните, а позитивно 43 отсто.
Последното истражување покажало дека популарноста меѓу Американците и е далеку пониско од популарноста на нејзините претходнички.
Според анкетата на Си-ен-ен/ОРЦ од јануари 2017 Мишел Обама ја напуштила Белата куќа со 69 отсто позитивни оценки, што е ист процент како и на почетокот на мандатот осум години претходно. Лаура Буш добила 67 отсто позитивни оценки, а Хилари Клинтон 56 отсто.
Си-ен-ен истакнува дека методологијата на анкетата се изменила во однос на претходните бидејќи се зголемил бројот на анкетираните преку телефон, а истражувањето траело подолго од шест дена.
Спроведена е во периодот меѓу 9 и 14 јануари и во неа учествувале 1.003 полнолетни лица.