Си-ен-ен: Лидерот на ИСИС е жив и тешко ранет во Сирија

Најбараниот човек во светот е жив и на лекување на тешките повреди што ги добил во воздушен напад во мај минатата година, јавува Си-ен-ен.

Лидерот на ИСИС Абу Бакр ал Багдади бил ранет во нападот на Рака во мај минатата година и морал да се откаже од предводењето на терористичката организација на пет месеци поради повредите, изјавиле американски функционери за Си-ен-ен.

Американските разузнавачки служби процениле „со голем степен на сигурност“ дека Багдади бил во близина на Рака кога бил ракетиран тој регион. Изворите додале дека нивните информации се засновани врз заробени борци на Исламска држава и бегалци од северна Сирија.

Русија во јуни соопшти дека го убила Багдади во воздушен напад, но тие тврдења вчера ги демантираше висок ирачки разузнавачки функционер, кој за медиумите изјави дека Багдади е жив. Тој додаде дека во нападот во мај тој добил тешки повреди и дека е на лекување во северна Сирија.

„Имаме сигурни информации и документи од извори од терористичката организација кои покажуваат дека Багдади е жив и се крие со помош на своите соработници“, изјави шефот на ирачката антитерористичка служба Абу Али ал Басри

Лидерот на ИСИС излезе во јавност само еднаш, во 2014 година кога во Мосул го прогласи формирањето на „калифатот“. ИСИС од тогаш објави голем број аудиоснимки за кои тврди дека ги снимил Багдади, а последната беше објавена во септември, по тврдењата за неговото загинување.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе