Си-ен-ен: Американски воени бродови се спремаат за накај Црно Море

Американската војска почна да подготвува воени бродови за да испловат во Црно Море и побарала од Стејт департментот за тоа да ја информира Турција, соопштиле тројца државни функционери за Си-ен-ен.

Овој потег, како што навеле изворите, е одговор на запленетите украински воени бродови во Керченскиот теснец, кој ги поврзува Црно и Азовско Море.

САД се обврзани да ја информираат Турција за минување на воен брод според Конвенцијата од Монтро од 1936 година, која го уредува минувањето на воеените бродови низ Босфор и Дарданелите, кои ги спојуваат Средоземно и Црно Море.

Според правилата на договорот, земјите кои немаат брег на Црно Море треба да ја информираат Турција најмалку 15 дена пред транзитот низ теснецот.

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека САД изведуваат активности во согласност со Конвенцијата од Монтро.

„Ние нема да ја коментираме содржината на нашата дипломатска коресподенција со турската влада“, изјави портпаролот.

„Нашата американска Шеста флота е секогаш спремна да одговори каде што е потребно“, изјави командантот Кајл Рејнс, портпаролот на флотата која ги надгледува поморските операции во регионот.

„Имаме право да дејствуваме слободно и во согласност со меѓународните закони и норми“, додаде тој.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе