Си-ен-ен: Американската влада очекува епидемијата да трае 18 месеци

Два месеци по првиот случај на зараза со коронавирусот во САД, владата на таа земја се спрема на 18-месечна епидемија на вирусот во неколку бранови, пишува Си-ен-ен.

Во последните 24 часа бројот на заразени порасна за 40 отсто и сега ги има над 9.000, а починати се најмалку 149. Гувернерите на сојузните држави со денови бараа порешителна реакција на сојузната влада. За тоа време практично во сите сојузни држави стапија на сила целосни или делумни мерки на карантин. Затворени се училиштата, забранети се јавни собири, а кафулињата и рестораните речиси секаде се ограничени само на достава.

Градоначалникот на Сан Франциско им нареди на граѓаните да останат дома и да излегуваат само во случај на крајна нужда, па во пошироката околина на тој град во карантин се речиси 10 милиони луѓе.

Болниците низ САД пријавуваат голем недостиг од опрема, а голем проблем претставува фактот што Америка практично нема јавно здравство туку само приватно. Се проценува дека околу 30 милиони американци немаат никакво здравствено осигурување.

Најкритично е на југот на Џорџија каде болниците за помалку од две недели ги потрошиле резервите кои требало да траат пет или шест месеци, а државата Њујорк побара од федералните власти 110.000 болнички кревети бидејќи хронично нема место во болниците.

Претседателот Доналд Трамп испрати американски воен брод во Њујорк кој кога ќе стигне, за една недела, ќе служи како болница во градското пристаниште. На сила е и одбранбениот закон од 1950 година кој во воени услови им овозможува на државите да ги контролираат сите производни процеси.

„Сите зборуваат за некакво намалување на кривата на заразени. Јас не гледам никаква крива. Јас гледам бран кој наскоро ќе стане цунами кој ќе го скрши нашиот здравствен систем“, изјави гувернерот на државата Њујорк Ендрју Куомо.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе