„Човечките активности мора да останат во границите на екологијата и животната средина“

Си Џинпинг повика на глобална соработка во изградбата на идната светска заедница

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја повика денес меѓународната заедница да ја подобри соработката, да изгради консензус и да ги здружи силите за изградба на заедница на популацијата на Земјата.

EPA-EFE

Во обраќањето на самитот на лидерите на 15-та средба на Конференцијата на договарачите (КОП15) Конференцијата за биодиверзитетот преку видео-линк во Пекинг, Си особено укажа на итната потреба на земјите во развој.

Како што пренесе Кинеската медиумска група, тој повика и на поголема помош во поддршката на тие земји да ја исполнуваат двојната задача на економско заздравување и заштита на животната средина.

Човечките активности мора да се задржат во границите на екологијата и животната средина, истакна Си во обраќањето.

Кинескиот претседател повика развојот на еколошката ситуација да се земе како водич за координација на односот на човекот и природата.

„Мораме да ги решиме проблемите кои ги носи индустриската цивилизација, да ги задржиме човечките активности во рамки на екологијата и животната средина и да спроведеме холистичко зачувување и систематско управување со планините, реките, шумите, земјоделските земјишта, езерата, ливадите и пустините“, кажа тој.

Си кажа и дека меѓународното право треба да се земе како основа за одржување на фер и правичен систем на меѓународно управување.

Големиот состанок на ОН почна вчера попладне во Кунминг, главниот град на југозападната кинеска провинција Јунан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе

Неделава во Тирана за првпат 31 прехранбена и 6  дистрибутивни компании од регионов заеднички ќе настапат на саемот во организација на Коморскиот инвестициски форум кој го предводиме ние.

повеќе