На отворањето на форумот „Појас и пат“

Си Џинпинг порача дека сака транспарентни и одржливи проекти

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг рече дека сака „транспарентни" и „одржливи" проекти за буџетите на земјите кои учествуваат во неговата иницијатива „Појас и пат".

На отворањето на вториот форум посветен на оваа иницијатива, која собра околу 40 шефови на влади и држави, Си вети „нулта толеранција“ за корупција во рамки на иницијативата која некои ја критикуваат дека не е транспарентна.

Критичарите на иницијативата на Си за меѓународна соработка му замеруваат дека ги фаворизира фирмите базирани во Кина и дека таа претставува „должничка стапица“ за земјите кои добиваат заеми од кинеските банки за изградба на инфраструктура.

„Сè треба да биде направено на транспарентен начин и треба да имаме нулта толеранција за корупција“, рече Си Џинпинг.

Тој рече дека Кина ќе промовира „зелен“ развој, додека некои ја обвинуваат дека проектите, како што се брани и термоелектрани на јаглен понекогаш предизвикуваат штета на животната средина.

Си Џинпинг изјави дека Новите патишта на свилата не се „ексклузивен клуб резервиран само за некои и дека промовираат „заеднички развој и просперитет“.

На овој собир во Пекинг, меѓу другите, присуствуваат и рускиот претседател Владимир Путин, италијанскиот премиер Џузепе Конте, чија земја минатиот месец стана прва земја членка на Групата седум индустријализирани земји што се приклучи на кинеската иницијатива.

Меѓу присутните се и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, грчкиот премиер Алексис Ципрас и швајцарскиот премиер Ули Маурер.

Најголемиот број западноевропски земји се внимателни кон овој кинески проект и на собирот испратија министри, а Вашингтон не испрати никого.

Од почетокот на иницијативата во 2013 година, Кина инвестираше вкупно 80 милијарди долари во разни проекти, а банките дале заеми со вкупна вредност од 175 до 265 милијарди долари, рече Сјао Веиминг висок кинески службеник задолжен за програмата.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе