Претседателот Си истакна дека е подготвен да работи со кралот Чарлс за промовирање на меѓусебното разбирање и пријателството меѓу народите на двете земји и за зајакнување на комуникацијата за глобалните прашања.
Тој потсети дека оваа година се одбележуваат 50 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји, пренесува Ројтерс. Британската агенција наведува дека односите меѓу Лондон и Пекинг се влошиле во текот на изминатата деценија и дека новата премиерка на Велика Британија, Лиз Трас е една од најжестоките критичарки на Кина.