„Ситуацијата е тешка“

Си Џинпинг: Кина победува во борбата со вирусот, но ширењето забрзува

Претседателот на Кина Си Џинпинг одржа состанок на политбирото на Комунистичката партија за мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Си порача дека Кина се соочува со тешка ситуација во која вирусот сѐ позабрзано се шири. Тој ја охрабри својата нација дека Кина ќе ја победи смртоносната епидемија.

ЦЦТВ пренесува дека ресурси и експерти ќе бидат испратени во болниците за лекување на тешките случаи на заболување.

Лекувањето нема да биде одложување поради трошоци, а ќе се гарантираат резерви од материјал за провинцијата Хубеи и нејзината престолнина Вухан.

Информациите кои се објавуваат за ширењето на вирусот мора да бидат точни, брзи и транспарентни, наведува ЦЦТВ.

Во Вухан се градат уште две болници, со вкупно 2.600 кревети, за да има место да се сметат сите заболени.

Од новиот облик на коронавирусот досега умреа 41 лице, а заболени се над 1.300 луѓе во светот.

Околу шест илјади такси возила ќе бидат пренасочени кон перифериите на Вухан, за да им помогнат на граѓаните. Синоќа во Вухан, местото од каде почна ширењето на вирусот, пристигнале и 450 воени лекари кои имаат искуство со лекување на вирусите САРС и ебола.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе