Си Џинпинг: Кина мора да го зачува националното единство на Тибет

Кина мора да изгради „неосвоива тврдина“ за да ја зачува стабилноста на Тибет, да го заштити националното единство и да ги образува масите во борбата против сепаратизмот.

Фото: ЕПА

Ова го изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на состанокот на високите функционери на Комунистичката партија.

На состанокот за иднината на владеењето на Тибет, кинескиот претседател Си Џинпинг ги пофали досегашните достигнувања и надлежните функционери, но истакна дека е потребно да се вложат повеќе напори за да се обнови и да се зацврсти единството во регионот, пренесе Ројтерс.

Политичкото и идеолошкото образование би требало да биде зацврстено во училиштата на Тибет за да се „посади семето на љубовта спрема Кина во длабочината на срцето на секоја млада личност“, рече кинескиот претседател.

Обврзувајќи се дека ќе доведе до изградба на обединет, нов, модерен, социјалистички Тибет, Си рече дека Кина мора да ја зајакне улогата на Комунистичката партија во регионот и подобро да ги интегрира етничките групи. Си додаде дека тибетанскиот будизам мора да се приспособи кон социјализмот и кон условите во Кина.

Кинеската политика спрема Тибет годинава повторно се најде во фокусот поради влошувањето на односите на оваа земја со Соединетите Држави. Американскиот државен секретар Мајк Помпео во јули кажа дека САД ќе го ограничат издавањето визи за некои кинески функционери што се вмешани во блокадата на пристапот кон Тибет за дипломатите и во „кршењето на човековите права“ и истакна дека Вашингтон ја поддржува „смислената автономија“ за Тибет.

Кина воспостави контрола врз Тибет во 1950 година, со чин што го опишува како „мирно ослободување“, кое на овој регион му помогна да го отфрли своето „феудално“ минато. Меѓутоа, критичарите предводени од Далај Лама тврдат дека Пекинг на Тибет спроведува „културолошки геноцид“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе