Пораката ги стишува тензиите

Си до Трамп: Кина и САД мора да се обединат против ковид-19

Кинескиот претседател Си Џинпинг во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Кина и САД и покрај ривалитетот „мора да се обединат против епидемијата" ковид-19, соопштија денес кинеските државни медиуми.

Пораката ги стишува тензиите по низата вербални судири меѓу Пекинг и Вашингтон во последните денови околу епидемијата на новиот коронавирус.

„Кина е подготвена да продолжи без резерва да споделува информации и искуства со САД“, рече Си, пренесува ЦЦТВ.

Трамп и Си детално разговараа за пандемијата на коронавирусот, од која во светот починаа повеќе од 24.000 луѓе, пренесува Ројтерс.

„Кина помина многу и добро го разбира вирусот. Тесно соработуваме по ова прашање“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп и другите американски официјални лица ја обвинија Кина дека не била доволно транспарентна во однос на вирусот, а Си за време на телефонскиот разговор рече дека Кина била отворена и транспарентна.

Си им понуди помош на САД, каде сега има повеќе заразени луѓе од Кина.

Јапонската новинска агенција Кјодо ги пренесува наводите од кинеските медиуми дека Си изразил загриженост поради ширењето на коронавирусот во САД и рече дека Пекинг и Вашингтон би требало да одржуваат тесна комуникација за да се спречи ширењето на вирусот.

Си, исто така, рече дека се надева оти САД ќе ги преземат неопходните мерки за подобрување на односите меѓу двете земји, изјави кинескиот министер за надворешни работи на Кина.

Си, исто така, рече дека соработката меѓу двете земји е единствениот вистински избор.

Коронавирусот за прв пат се појави во кинеската провинција Хубеи, во градот Вухан, кон крајот на минатата година.

Досега се рашири во речиси секоја земја во светот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе