Си до Бајден: „Оној кој си игра со оган сигурно ќе се изгори“

Претседателот на Кина Си Џинпинг му порача на американскиот претседател Џо Бајден дека си игра со оган околу прашањето на Тајван, пренесуваат агенциите.

EPA-EFE

Ова беше петти телефонски разговор на лидерите на двете нации, а кинескиот лидер Си му кажа на претседателот на САД Бајден дека неговата политика околу Тајван е опасна и дека на крајот ќе му се врати на Вашингтон како бумеранг.

„Оној кој си игра со оган сигурно ќе се изгори“, му кажал Си на Бајден, пренесува кинеската агенција ЦЦТВ.

„Шефовите на државите имаа детална комуникација и размена на мислења за односите на Кина и САД и прашањата од заеднички интерес“, јави агенцијата. Телефонскиот разговор траел 2,5 часа и ги опфатил темите од Тајван до тековните трговски спорови меѓу двете најголеми светски економии.

Најновиот спор на Вашингтон и Пекинг се однесува на можната посета на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси на Тајван, островот кој добива неформална одбранбена поддршка од САД, а кој Кина го смета за дел од својата територија.

Пекинг соопшти дека евентуалната посета на Пелоси ќе ја смета за провокација и најави „силен одговор“.

Пелоси би била највисокиот американски функционер кој го посетил Тајван откако републиканецот Њут Грингрич го посети островот во 1997 година, како тогашен претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.

Портпаролот на кинеската дипломатија Џао Лиџијан кажа претходно дека кинеската страна јасно им дала до знаење на САД во повеќе наврати дека силно се противи на посетата на Пелоси на Тајван.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе