Си: „Денешна Кина не е само кинеска Кина, туку азиска Кина и светска Кина“

Кина само ќе биде поотворена кон светот, изјави денес кинескиот претседател Си Џинпинг и ги прогласи за „глупави" оние кои веруваат во културна супериорност.

Во своето обраќање пред форумот во Пекинг под името „Конференција за дијалог на азиските цивилизации“, организиран од Министерството за пропаганда, Си рече дека кинеската цивилизација била „отворен систем“ кој континуирано разменувал и учел од други култури, вклучувајќи го будизмот, марксизмот и исламот“.

„Денешна Кина не е само кинеска Кина, туку азиска Кина и светска Кина“, рече Си, додавајќи дека Кина во иднина ќе има поотворен став да го прифати светот.

„Ниту една земја не може да биде сама“, рече Си.

„Цивилизациите ќе ја изгубат виталноста ако земјите се вратат во изолација и се отсечат од остатокот од светот“, рече кинескиот претседател.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе