Не избегнале апсење

Шверцери на дрога во Шпанија ги спасиле полицајците кои ги бркале (ФОТО)

Шверцери на дрога ги спасиле припадниците на шпанската цивилна гарда од морето, но не избегнале апсење заради превоз на три тони хашиш, соопштија шпанските власти.

Тоа се случи во петокот на југот на Шпанија, каде бродот на Цивилната гарда бркал брод со четири лица кои превезувале дрога, соопшти полицијата во Андалузија.

Бродовите во текот на потерата се судриле и бродот со тројцата членови на Цивилната гарда се превртел. Превртениот брод започнал неконтролирано да се движи, што претставувало опасност за полициските службеници во морето.

Напомош дошол и полициски хеликоптер, а полициските службеници од шверцерите на дрога преку мегафон побарале да им помагаат на нивните колеги во море, што тие го направиле.

Сепак, по успешното спасување, шверцерите биле уапсени, а над 80 пакети хашиш, со приближна тежина од повеќе од 3.000 килограми, биле запленети.

На југот на Шпанија активен е шверцот на хашиш од Мароко.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе