Актуелното парламентарно мнозинство е отворено за можноста

Швеѓаните сè поблиску до влегување во НАТО

Во Шведска расте поддршката за влегување на таа земја во НАТО воениот пакт, а бројот на поддржувачи речиси се изедначи со поборниците за задржување на традиционалната воена неутралност, покажува најновото истражување на јавното мислење спроведено во декември.

EPA-EFE

Во анкетата објавена во шведскиот дневен весник Дагенс нихетер, 33 отсто од учесниците се изјасниле за влез на Шведска во НАТО, во однос на 35 кои биле против, и речиси ист процент анкетирани кои биле неодлучни, пренесува бриселскиот портал Еурактив.

За споредба, пред само пет години 50 отсто од Швеѓаните беа против испраќање апликација за членство во НАТО. Анкетата се спроведува во последните седум години и за време на тој период противењето на влегувањето на Шведска во Северноатлантската алијанса постепено, но константно, опаѓа.

Во декември минатата година десничарската партија Шведски демократи, втора по големина опозициска партија во Шведска, се придружи на ставот за влегување во воениот пакт на остатокот од опозицијата.

Со тој потег, актуелното парламентарно мнозинство е отворено за можноста за влегување на земјата во НАТО.

Министерката за надворешни работи Ан Линде, од владејачката Шведска социјалдемократска работничка партија, ја критикуваше „НАТО опцијата“, оценувајќи дека таа не е во интерес на Шведска и дека веќе ја доведува во сомнеж надворешната и безбедносната политика на земјата.

Линде на една безбедносна конференција кажа дека Шведска и во иднина ќе има тесни партнерски односи со НАТО, но дека ќе за задржи својата политика на воена независност.

Сепак, без оглед на воената неутралност, шведскиот парламент кон средината на декември го усвои владиниот прелог за рекордно зголемување на трошоците за војската.

Според тој предлог, одбранбениот буџет за периодот од 2021 до 2025 година е зголемен за цели 40 отсто, што пред сè се поврзува со ескалацијата на тензиите во регионот на Балтикот.

Во годините по Студената војна Шведска поради штедењето во голема мера ги расформира своите воени капацитети, а во 2010 го укина задолжителното служење војска. Тоа во 2017 беше повторно воведено, но во многу ограничен обем, кој владата до 2025 планира двојно да го зголеми.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе