Шведските партии конечно се договорија да формираат нова влада

Шведската центристичка и либерална партија се договорија околу тоа лидерот на социјалдемократите Стефан Лофвен да го подржат за втор мандат како премиер, што потенцијално значи крај на неколкумесечната криза, соопшти денеска весникот Афтонбладет, повикувајќи се на неименувани извори, пренесе Ројтерс.

Договорот сѐ уште треба да се потврди од водечките тела на тие партии, пишува весникот.

Септемвриските избори го оставија парламентот без мнозинство. Лидерите на партиите досега не успеаа да се договорат како да формираат влада која нема да ги вклучува анти-имигрантските Шведски демократи.

Парламентот два пати, во септември и во средината на декември, не даде втор мандат на коалициска влада на социјалдемократите на Лофвен, но како премиер го отфрли и десничарот Улф Кристерсон, лидерот на Умерена партија.

И овој договор за Лофвен може да наиде на спротивставување на некои членови на центристичката и либералната партија, бидејќи тој ќе го означи крајотна четири партискиот сојуз на десниот центар, формиран во 2004 година за да се стави крај на долготрајната доминација на социјалдемократите во политиката.

Доколку парламентот не го потврди меѓупартискиот договор за Лофвен како премиер, ќе се зголеми веројатноста за предвремени избори по четири месечен политичкиот застој.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе