Шведски лекар: Секој ден фрламе стотици дози од вакцината на Астразенека

Стотици дози од вакцината на Астразенека против ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм бидејќи жителите одбиваат да се вакцинираат со нив, изјави шведски доктор денес за телевизијата СВТ.

EPA-EFE

Јохан Стируд од лекарското здружение на шведската престолнина кажа дека нема доволно доброволци за Астразенека, па вакцината мора да се фрли ако не се искористи во рок од неколку часа.

Во Шведска давањето на вакцината на британско-шведскиот произведувач е ограничено на постарите од 65 години, откако низ светот беа забележани ретки случаи на згрутчување на крвта како нуспојава на примањето на тој лек.

СВТ пренесува дека дел од пациентите го откажуваат закажаното вакцинирање кога ќе дознаат дека ќе ја примат вакцината на Астразенека/

Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), истакнува дека придобивките од вакцината се значително поголеми од ризикот, па ги повика луѓето да се вакцинираат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе