Шведската владејачка партија ја поддржува кандидатурата за членство во НАТО

Шведските социјалдемократи, владејачката партија во земјата најавија дека даваат поддршка за влез на земјата во НАТО.

Фото: ЕПА

Бидејќи Финска е подготвена да ја поднесе својата апликација, шведската премиерка Магдалена Андерсон објави дека сега е сосема сигурна дека ќе започне официјална апликација за неколку дена, пренесува Ројтерс.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде ја нарече „историска одлука“.

„Руската инвазија на Украина ја влоши безбедносната ситуација за Шведска и Европа како целина“, додаде таа.

Финскиот претседател Саули Ниинисто денеска официјално објави дека неговата земја аплицира за членство во НАТО, што е историска промена во неутралната надворешна политичка ориентација на земјата, поттикната од руската инвазија на Украина.

„Претседателот и владината комисија за надворешни работи денеска заедно одлучија Финска да аплицира за членство во НАТО“, изјави Ниинисто за новинарите во Претседателската палата во Хелсинки. Тој рече дека овој потег ќе ја зголеми безбедноста на земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе