Шведска се откажува од Асанж; Британците: Ако излезе, го апсиме

Шведското обвинителство одлучи да ја прекине постапката против Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, поради обвинението за наводно силување и го повлече налогот за неговото апсење.

Меѓутоа, британската полиција потврди дека ќе го уапси во истиот момент, доколку ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон, во која е од 2012 година.

Шефицата на шведското јавно обвинителство Маријан Нај изјави дека властите од судот бараа да го повлечат налогот за апсење, што значи и дека ќе биде суспендиран и седумгодишниот судски процес за наводното силување.

„Денес главната обвинителка Маријан Нај одлучи да ја прекине прелиминарната истрага за наводното силување за кое е обвинет Асанж“ соопштија од канцеларијата на обвинителката, пренесоа странските медиуми и оценија дека со тоа се става крај на седумгодишниот процес.

Џулијан Асанж стана светски познат по неговиот сајт Викиликс кој објави доверливи документи од Пентагон за Авганистан. Приказната ја пренесоа Гардијан, Обсервер, Њујорк тајмс и Шпигел, а самиот тој стана ударна вест и лице на насловните страници.

Не е прв пат Викиликс да објави сензационални информации, но бидејќи над 90 илјади документи за Авганистан преку овој сајт станаа достапни за целата планета, Асанж стана и херој и предавник.

Викиликс тврди дека поседува повеќе од милион документи. Инаку, секој е поканет анонимно да го достави она што смета дека е интересно, а нивниот тим одлучува што ќе биде објавено.

По масовното објавување на документи за Авганистан, против Асанж во Шведска е покрената постапка под обвинение за силување и сексуално малтретирање, од кога е во сила и налогот за негово апсење.

Тој одби да се предаде на властите, бидејќи се плашел дека ќе биде екстрадиран во САД, чии судски органи исто така го бараат, бидејќи сметаат дека со објавувањето тајни на Викиликс за американската политика и дипломатија е нанесена штета на американската национална безбедност.

Тој од 2012 година се наоѓа во еквадорската амбасада во Лондон.

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе

Во САД и во многу европски земји, просечните плати стагнираат, и покрај тоа што многу од економиите закрепнаа од финансиската криза од 2008 година.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе