Според главниот епидемиолог

Шведска призна дека требало да воведе забрани, стапката на смртност е огромна

Контроверзната одлука на Шведска да не воведе строг карантин како одговор на пандемијата ковид-19 доведе до премногу смртни случаи, призна човекот што ја смислил таа стратегија, Андерс Тегнел.

Главниот епидемиолог на Шведска, Андерс Тегнел, кој се залагаше земјата да не се затвори поради пандемијата на коронавирусот, денес призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на ковид-19.

Тегнел претходно го бранеше својот пристап како поодржлив, критикувајќи ги другите земји за нивните премногу рестриктивни мерки.

Тој денес во интервју за Шведското радио се согласи со водителот дека премногу луѓе во таа земја починале, пренесува Би-би-си, и изјави дека требало да се направи повеќе во почетокот.

„Многу очигледно постои потенцијал за подобрување на она што го направивме ние“.

Шведска е осма во светот по стапката на смртност од коронавирусот по број на население. Во неа до денес починаа 4.468 луѓе, додека соседна Норвешка, Данска и Финска поединечно имаат по помалку од 600 жртви. Данска има 580 смртни случаи, Норвешка 237, а во Финска досега има 320 починати од коронавирусот.

 

Како се смени ставот на Тегнел

Д-р Тегнел, кој е шведски државен епидемиолог и е одговорен за постапките на земјата откако почна епидемијата на ковид-19, за Би-би-си во април рече дека високиот број на починатите главно е затоа што домовите за стари лица не биле во можност да се заштитат од оваа болест, иако нагласи дека како причина не ја исклучува нивната „стратегија во целина“.

Сега тој за Шведското радио изјави: „Ако сега се соочевме со истата болест, со она што го знаеме денес, мислам дека ќе бевме некаде помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“.

На прашањето дали премногу луѓе умреле премногу брзо, д-р Тегнел рече: „Да, апсолутно“.

Сепак, тој не кажа јасно што требало Шведска да направи поинаку.

Откако другите земји итно воведоа карантин, не се знаеше кои мерки имаат најдобар ефект во запирањето на ширењето, објасни тој. Пристапот на Шведска се состоеше од воведување на мерките чекор по чекор, рече тој, па можеби тие ќе откријат што било најдобро додека мерките постепено се укинуваат.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе