Шведска очекува војна? Упатства до граѓаните за случај на судир (ФОТО)

Шведска следната недела ќе им подели на своите граѓани упатства за тоа како да постапуваат во случај да избувне војна.

Во памфлетот „Ако дојде до криза или до војна“, на 20 страници, се даваат совети за тоа како да се набави чиста вода, да се препознае пропаганда и да се пронајде заштита од бомбите, наведува Гардијан и истакнува дека ова е прва кампања за подигнување на свеста во јавноста од овој вид од времето на Студената војна.

Во памфлетот им се порачува на Швеѓаните дека нивна должност е да реагираат доколку нивната земја биде во опасност.



Издавачот на брошурата, Шведската агенција за цивилни непогоди, не наведе од каде би можело да дојде до напад, но британската агенција укажува дека Шведска и другите земји во регионот се во готовност откако Русија го припои Крим во 2014 година.

Овие земји, додава агенцијата, ја обвинуваат Русија дека повеќепати го прекршила нивниот воздушен простор.

Москва ги отфрла овие тврдења или не одговара на нив.

Во брошурата, која ќе им биде поделена на сите 4,8 милиони домаќинства во Шведска, се предупредува дека резервите на храна, медицински материјал и бензин би можело да ги снема за време на кризата.

Шведска со никого не војуваше повеќе од 200 години, од војната со Норвешка во 1814 година, а за време на двете светски војни беше неутрална.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе