Шведска муслиманка победи на суд откако одби да се ракува со маж

Швеѓанка од муслиманска вероисповед победи на суд откако ја тужеше компанијата во која мажот што ја интервјуирал ѝ пружил рака за да се ракуваат, што е против нејзината вера, пренесува Би-би-си.

24-годишната Фара Алхаџех се пријавила за работа на преведувачка, но од верски услови одбила да се ракува со спроведувачот на интервјуто од спротивниот пол. Наместо ракување, Фара ја ставила раката преку срцето како сопствен знак на поздрав.

Шведскиот суд пресуди дека компанијата во наведениот случај ја дискриминирала Фара и нареди да ѝ се платат околу 3.820 евра како компензација. Некои муслимани одбиваат физички контакт со спротивниот пол, освен со членови на своето најтесно семејство. Но, ракувањето е многу позната и утврдена традиција во европските земји и при секојдневните средби и при разговорите за работа.

Компанијата од нејзиниот роден град Упсале во која младата Швеѓанка била на разговор за работа се бранеше дека од своите вработени бара сите мажи и жени да ги третираат еднакво и дека нивен вработен не смее да одбие да се ракува со кандидат само затоа што е жена. Одлуката на судиите не била едногласна – тројца судии го потврдиле тврдењето на Алхаџех дека барањето од неа да се ракува е дискриминација, додека двајца биле на страна на компанијата. По пресудата Фара Алхаџех за Би-би-си изјави дека е важно „да не се предава“ ако сте сигурни дека сте во право, дури и ако сте припадник на малцинска група.

„Јас верувам во Бог, тоа во Шведска е многу ретко... И мое право е да верувам и да бидам прифатена како верничка, сѐ додека не му штетам на некого. Во мојата земја не е дозволено мажите и жените да се третираат поинаку. Јас тоа го почитувам. Затоа немам физички контакт ни со мажи, ни со жени. Јас живеам според правилата на својата вера и истовремено и на земјата во која живеам“, истакна Алхаџех.

Институциите пристапуваат кон барањата на информации од јавен карактер со одреден сомнеж.

повеќе

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе