Зашто го поддржувал Милошевиќ

Шведска лекарка ја враќа Нобеловата награда поради Хандке

Кристина Докарте, шведска лекарка и писателка, која во 1988 година ја доби Нобеловата награда за мир како членка на Мировните сили на ООН, го врати ова престижно признание во знак на протест поради давањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Питер Хандке, критикуван поради поддршката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Во 1992 година, таа беше првата што прозборе за систематските силувања за време на војната во Босна и Херцеговина и укажа на она што се случуваше како лекарка на ООН.

Синоќа таа зборуваше пред стотиците собрани во шведската престолнина во знак на протест против одлуката на Шведската академија да му оддаде почит на Австриецот, кој го негирал геноцидот во Босна и го поддржуваше Милошевиќ.

„Бев директен сведок на геноцидот пред 27 години кога бев таму. Ќе ја вратам Нобеловата награда поради фактот дека неа ја прими и Питер Хандке, кој го негира геноцидот што се случи во Босна и Херцеговина“, додаде таа.

„Му честитаа и му ја дадоа наградата. Сега јас мојата ја враќам, сега мојата ја враќам“, рече таа пред насобраните со медалот во рака. Насобраните гласно аплаудираа и го извикуваа нејзиното име.

Таа, исто така, ги потсети присутните на војните на Балканот, од каде што известуваше и укажуваше на злосторствата што се случуваа. Таа зборуваше за смрдеата на телата што се распаѓале и за ужасите на кои сведочела.

„Сè додека сум жива, ќе сведочам за вистината за ужасната војна никогаш да не биде негирана“, додаде таа.

„Кој на Академијата сака да оди во пеколот? Ова не се непознати работи. Претходно се гордеев со Академијата. Нобеловата награда секоја година беше голема работа за Шведска. Сега чувствувам срам и вина“.

Во стокхолмскиот Консетхус (Концертна куќа) беа беа доделени Нобеловите награди за 2019 година, вклучувајќи ја и наградата на Питер Хандке за литература.

Хандке во 1996 го напиша есејот „Правда за Србија“ во кој застана на страната на администрацијата на Милошевиќ. За време на НАТО-бомбардирањето во 1999, Хандке отпатува во Белград за да изрази солидарност со Милошевиќ.

Тој зборуваше и на погребот на Милошевиќ и им изрази поддршка на лидерите на босанските Срби Радован Караџиќ и Ратко Младиќ, кои беа прогласени за виновни за геноцид во Сребреница.

Писателот во октомври кажа дека нема да одговара на прашања на новинарите што се однесуваат на неговите просрпски ставови.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе