Шведска испраќа нуркачки брод за да го истражи истекувањето од гасоводот Северен тек

Шведска денес испрати нуркачки брод на местото на минатонеделните експлозии на гасоводот Северен тек во Балтичкото Море за да го истражи инцидентот со кој беше оневозможен транспортот на руски гас по двата крака на тој гасовод.

EPA-EFE

Европа истражува што ги предизвикало експлозиите на руско-германскиот гасовод. Европските функционери се сомневаат дека експлозиите во близина на шведските и данските територијални води се резултат на саботажа.

„Крајбрежната стража е одговорна за мисијата, но ние ги поддржуваме со единици“, кажа портпаролот на шведската морнарица Џими Адамсон за Ројтерс. „Само ќе го одредиме ХМС Белос, кој е подморница за спасување и брод за нуркање“, додаде тој.

Шведската крајбрежна стража соопшти дека Северен тек 1 престанал да истекува, но резултатите од прелетувањето на тоа место сугерираат дека гас сè уште истекува од Северен тек 2 и излегува на површината во радиус од 30 метри. Кремљ денес за експлозиите го обвини Западот, порачувајќи дека поради тоа Соединетите Американски Држави можат да ја зголемат продажбата и цената на својот течен гас.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе