„Во Шведска и Финска се согласуваме целиот овој процес да го поминеме заедно, а утре ќе поднесеме барања“, рече Андерсон на заедничката конференција со финскиот претседател Саули Нинисто во шведската метропола.
„Финска и Шведска имаат долга заедничка историја. Сега ќе имаме и заедничка иднина“, додаде Андерсон.
Финскиот парламент во вторникот се изјасни за влез во НАТО со огромно мнозинство од повеќе од 95 отсто од гласовите, дозволувајќи му на Хелсинки да испрати формално барање за членство до седиштето на Северноатлантскиот сојуз.
Истиот ден, шведската министерка за надворешни работи Ен Линде го потпиша барањето на својата земја за членство во НАТО.
Иако Финска и Шведска се историски неутрални, руската инвазија на Украина радикално го промени јавното мислење за приклучување на воениот сојуз. Со исклучок на Анкара, другите членки на НАТО ја поддржуваат кандидатурата на двете земји.