По Финска

Шведска: Бараме влез во НАТО

Шведска ќе побара да влезе во НАТО, изјави премиерката Магдалена Андерсон, најавувајќи нова „ера“ за скандинавската земја, која речиси два века не му припаѓала на ниеден воен сојуз.

Фото: ЕПА

„Владата одлучи да го информира НАТО за волјата на Шведска да стане членка на Алијансата. Напуштаме една ера за да влеземе во нова“, рече Андерсон ден по објавувањето на кандидатурата на Финска. Амбасадорот на Шведска во НАТО ќе ја предаде кандидатурата на Шведска „што е можно поскоро“, рече Андерсон.

Таа изрази очекување дека нема да чекаат повеќе од една година за влез во Алијансата, со оглед на потребната ратификација од сите 30 членки на НАТО. Соседна Финска во неделата потврди дека официјално ќе поднесе барање за членство во НАТО.

Во меѓувреме, Норвешка, Данска и Исланд во заедничка изјава соопштија дека се подготвени да ги поддржат Финска и Шведска доколку двете земји бидат нападнати.

„Заедно со Данска и Исланд, Норвешка е подготвена да им помогне на своите нордиски соседи со сите потребни средства во случај, пред да станат членки на НАТО, да станат жртви на агресија на нивната територија“, рече премиерот Гар Стоере.

Шведскиот министер за одбрана Петер Хултквист претходно изјави дека Шведска ќе испрати дипломати во Турција за да се обидат да ги надминат приговорите на Анкара на нејзиниот план за пристапување во НАТО.

Турција ги изненади своите сојузници во НАТО велејќи дека нема да гледа позитивно на барањата на Финска и Шведска, а претседателот Таип Ердоган рече дека „скандинавските земји се прибежиште на терористичките организации“.

Турција соопшти дека сака скандинавските земји да престанат да ги поддржуваат курдските милитантни групи присутни на нивната територија и да ја укинат забраната за продажба на одредени оружја на Турција. НАТО и САД велат дека се убедени дека Турција нема да го спречи членството на Финска и Шведска.

Секоја одлука за проширување на НАТО бара одобрение од сите 30 членки на алијансата и нивните парламенти, но дипломатите рекоа дека Ердоган ќе биде под притисок да направи отстапки бидејќи Финска и Шведска во голема мера ќе го зајакнат НАТО во Балтичко Море.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе